ALL.BG форуми
ALL.BG поща форуми чат стая обяви картички


Форуми » Политика » Македония

Страници: 1
Македонец
неантички
****

Регистриран: 10.03.2012
Мнения: 1313
От: МКД
Пандели Мајко: Македонија е федерализирана.
    #2948777 - 08.09.2012 17:49

http://www.libertas.mk/%D0%BF%D0%B0%D0%B...BB%D0%B8%D0%B7/

Пандели Мајко: Македонија е федерализирана, ама никој не признава!

Во интервjуто за порталот „Алмакос” бившиот премиер на Албанија и еден од најугледните албaнски политичари, се осврнува и на политичката состојба во Mакедонија, велејќи дека во земјава тој гледа федерализираност на дело, што според него не е добор.

- Во овој миг, колку што можам да заклучам од далечина (можеби грешам), политиката во Македонија има „федерална“ форма. Оваа нејзина форма се одвива далеку од очите на јавноста. Таа постои како „џентлеменска неформалност”, која овозможува поделба на зоните на влијание врз етничка основа и практика, а се за да се контролираат проблемите при владеењето. Принципот е едноставен, според него Албанците владеат со Албанците, а Македонците со своите. Ова има донекаде смисла, но е привремено и персонализирано, при што ни најмалку не е здраво за функционирање на државата. Македонија нема потреба од политичари „чувари“, туку од реформатори на една држава која се наоѓа на крстосницата на историската можност да биде нов модел на балканскиот конфликти… Или да се претвори во регионална Швајцарија, во чија Женева ќе слетаат авионите на политичарите од регионот кои се жедни за кислород и договори – вели поранешниот премиер на Албанија.

Во врска со последните судири меѓу коалиционите партнери, Мајко смета дека Груевски треба да ја искористи историската можност што му се укажува и заедно со Али Ахмети да ја променат Македонија и нејзината историја.

- Да ја градиш иднината на Балканот и да собираш гласови за да владееш со народот, често се сосема две различни нешта. Несомнено е дека историјата ќе ги памети само тие што умеат да ризикуваат – вели Пандели Мајко во интервјуто за порталот „Aлмакос”.

--------------------
Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Негатор
Античен вагабонтин
***

Регистриран: 14.08.2011
Мнения: 23316
Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана.
    #2948781 - 08.09.2012 17:57 [Re: Македонец]

Цитат:

вели Пандели Мајко во интервјуто за порталот „Aлмакос”.



Денес - портал, утре - името на нова държава!


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Македонец
неантички
****

Регистриран: 10.03.2012
Мнения: 1313
От: МКД
Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана.
    #2948782 - 08.09.2012 18:00 [Re: Македонец]

ЗНАМИЊА НА АЛБАНИЈА ПОСТАВЕНИ НИЗ СКОПСКИ ЧАИР ПО ПОВОД НЕЗАВИСНОСТА НА МАКЕДОНИЈА

http://www.libertas.mk/%D0%B2%D0%BE%D1%9...B0%D0%B8%D1%80/

ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ денеска се скараа и на локално ниво во општина Чаир, објави Алсат М телевизија. По повод Денот на независноста, 8 Септември, Град Скопје, утринава поставил македонски знамиња низ улиците во општината. Од општина Чаир, пак, веднаш потоа поставиле и албански знамиња, но со помали димензии од македонските. Сепак, тоа не било доволно, па советниците од ДУИ, во општина Чаир, ги замениле знамињата со цел да бидат со иста големина.

Од Град Скопје, за Алсат-М изјавиле дека Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ било задолжено за знамињата, а ако некој го прекршил законот, тогаш постојат други надлежни органи кои треба да се занимаваат со тоа прашање.

Од друга страна општина Чаир се воздржува од каков било коментар, не сакајќи да зборуваат за спорот меѓу Скопје и општина Чаир.

_______________________________________________________________


АЛБАНСКИТЕ ПЕЈАЧИ ОД МАКЕДОНИЈА ГО БОЈКОТИРААТ КОНЦЕРТОТ ПО ПОВОД НЕЗАВИСНОСТА

http://www.libertas.mk/%D0%B0%D0%BB%D0%B...B8%D0%BB%D0%B8/

_______________________________________________________________


ПРВИОТ УЧИЛИШТЕН ЧАС ПОЧНА СО ИНТОНИРАЊЕ НА ХИМНАТА НА АЛБАНИЈА

http://www.libertas.mk/%D0%B2%D0%BE-%D1%...88%D0%B5%D0%BD/

Првиот училишен ден во новоизграденото училиште „Ѓерг Кастриот Скендербег“ во тетовското село Џепчиште донесе нов скандал, по оној со самоволното преименување на имињата на училиштата во скопски Чаир од страна на локалната самоуправа во општината.

Со развеани албански знамиња и со интонирање на химната на Албанија беа пречекани вицепремиерот (од владата на Македонија, м.з.) Муса Џафери и заменик-министерот за образование и наука (од владата на Македонија, м.з.), Сафет Незири. За Незири било нормално да се интонира албанската химна оти во училиштето се учи на албански наставен јазик......

_________________________________________________________________


SHKUPI, PRISHTINA, TIRANA
http://forum.all.bg/showflat.php/Cat/0/Number/2936163/an/0/page/7#Post2936163

--------------------
Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Андреј
рекордьор
**

Регистриран: 16.12.2011
Мнения: 5182
Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана.
    #2948834 - 08.09.2012 19:51 [Re: Македонец]

Во Македонија може има безвласите, ама да говориш за федерализација е не малку туку многу претерано ...

Хрватите велат ШТО СЕ БАБИ ХТИЛО ТОЈ ЈОЈ СЕ И СНИЛО ....


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Македонец
неантички
****

Регистриран: 10.03.2012
Мнения: 1313
От: МКД
Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана.
    #2948887 - 08.09.2012 21:05 [Re: Андреј]

Цитат:

Во Македонија може има безвласите, ама да говориш за федерализација е не малку туку многу претерано ...

Хрватите велат ШТО СЕ БАБИ ХТИЛО ТОЈ ЈОЈ СЕ И СНИЛО ....



Мене ми се обраќаш или на Пандели Мајко?

--------------------
Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Андреј
рекордьор
**

Регистриран: 16.12.2011
Мнения: 5182
Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана.
    #2948889 - 08.09.2012 21:06 [Re: Македонец]

Само одговрам на насловот на темата, а тоа е одговор и на тоа што Мајко го кажува ...

Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Македонец
неантички
****

Регистриран: 10.03.2012
Мнения: 1313
От: МКД
Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана.
    #2954047 - 18.09.2012 02:29 [Re: Андреј]

И повторно од албанскиот портал АЛМАКОС.

Федеративна Република Северна Македонија
http://plusinfo.mk/vest/57300/Almakos-Gr...ri-glavni-grada

Во коментарoт под наслов „ДУИ ќе не однесе во ЕУ - Та што мајка се буниме”, порталот „Алмакос” тврди дека и овој пат, како и секогаш до сега, не еврокомесарот за проширување Штефан Филе, претставниците на ДУИ му ја искажале својата тврда определба за интеграција на земјата во ЕУ. Но, според порталот, се чини дека функционерите на ДУИ никогаш не Филе не му зборуваат за информативниот мрак и затворените медиуми, за политичките апсења, за монтираните судски процеси, за непотизмот, за партизираните државни институции, за меѓуетничките натегања за добивање дневно-политички поени....

Оттука, пишува „Алмакос”, постои опасноста при посетите на Скопје, претставниците од Брисел да ја видат само Македонија на Никола Груевски и на Али Ахмети, која несомнено дека е добра за челниците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.
„За да не се случи тоа, претставниците на ЕУ кои ја посетуваат државата, треба да се прашуваат како е можно една Македонија, чии официјални лица се фалат дека прават сè неа да ја доближат кон ЕУ, да станува сè понесоодветна за нејзините граѓани? Без да одговорат на ова прашање, тие никогаш нема да го дознаат тоа што го змаеме ние: дека Македонија се состои од три реалности - македонската, албанската и мултиетничката, таа во која живеат задоволните збратимени партиски елити на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои управуваат со државата”, се наведува во коментарот на овој портал.

Порталот пишува дека Македонија која ја градат Груевски и Ахмети, носи закони со европски предзнак, но кои се спроведуваат според балкански методологии.
„И таквата Македонија навистина тргнала на пат кон Брисел, но може да се случи таму да стаса со три главни градови во неа: Штип за Македонците, Тетово за Албанци и со Скопје, како главен град на федерацијата со европски стандарди, но скроена според балкански методи и наречена Федеративна Република Северна Македонија”, коментира „Aламкоc”.



Академската година во Тетово почна со химната на Албанија
http://www.libertas.mk/%D0%B0%D0%BA%D0%B...0-%D1%81%D0%BE/

Државната химна на соседна Албанија денеска беше интонирана на Државниот универзитет во Тетово и со неа практично започна новата академска година. Во амфитеатарот на Универзитетот меѓудругите беа и заменик-министерот за образование, Сафет Незири и в.д. ректорот. Не е првпат албанската химна да се интонира пред заменик-министерот на македонската влада Незири кој смета дека не треба да се проблематизира.

- Не се работи за химна на некоја држава, тоа е национална химна, химната на знамето на Албанците, кое што знаме е легитимирано и е озаконето во Република Македонија. Не дека сакаме некого да провоцираме со химната на Албанците, ниту сакаме да омаловажуваме некого – рече Незири во Тетово.

Свежи се сеќавањата кога Незири го правдаше и интонирањето на химната во тетовското село Џепчиште, кога се пушташе во употреба основно училиште. Ни тогаш, а ни денеска не беше интонирана државната македонска химна.


_____________________________________________________

Сакам да им се обратам на тие кои мислат дека ваквите теми и содржини некој намерно ги пласира и шири за да ја оцрнува Македонија. Македонија е таква каква што ја прави владата и граѓаните. Не може ако е нешто црно некој да лаже и да кажува дека е бело кога е црно. Исто така, треба со голема внимателност да се следи што мислат, прават и зборуваат Албанците, бидејќи тие секогаш досега си ги остварувале своите цели.

--------------------
Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Македонец
неантички
****

Регистриран: 10.03.2012
Мнения: 1313
От: МКД
Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана.
    #2955390 - 21.09.2012 14:21 [Re: Македонец]

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=6A283DE77BA1394FA1B1E8FFE4BE5867

Федерализација на умот

Малку, малку, па однадвор ќе ни се заканат. Од исток, запад, север и југ. Ние, пак, немаме некој излез. Не сме некоја голема земја, немаме излез на море; не сме ниту како Босна и Херцеговина, која има барем пет километри морски излез. Не сме ниту како Чехија, Словакија и Унгарија, кои се големи земји и фактори во Европската унија. Најмалку сме како најбогатата во Европа - Швајцарија. Макар што некои наши предци сонувале Македонија да стане нешто како балканска Швајцарија. И така, и ден-денес ги трпиме последиците на поранешните европски поделби; и уште ги трпиме и сегашните соседски сништа за великодржави на сметка на Македонија, сништа уште од 19 век. Од времето на Начертанијата на Илија Гарашанин, на Мегали-идејата на Kолетис, на Сан Стефано и на Призренската лига. Но, сништата и денес треба да ги плаќаме. На пр., оние од Букурешт 1913, од Париз 1919 и 1946 г. итн. Проблемот е што воопшто постои оваа македонска држава и оваа македонска нација. И си ја плаќаме цената за тоа што воопшто постоиме.

Ајде, на овие однадвор, некако можеме да им одговараме; зошто и ние не сме толку будали колку што мислат. Kако што рекол Јован Цвијиќ, па и многу други Грци, Бугари и други - ние сме биле една етнички аморфна маса. Ама, не мора да биде и- будалеста маса. А можат и овие, неаморфни, хомогени маси да бидат будалести, зарем не? Меѓутоа, повеќе загрижува што закани за оваа држава и нација има и внатре. Божем се повикуваат на предлог-законот за бранителите, па на реакциите за кршењето на армиските правила за униформата, па на несоодветното менување на имињата на училиштата, и што с` не... И, с` тоа треба малку да се образложи. Бидејќи е сето тоа флагрантно кршење на внатрешниот правен поредок на државата, а Владата засега нема врска со тоа, ниту пак има некое изјавување, треба барем теориски да се образложи, односно теориски да се оправда уцената.

И така, во „Дневник“, пред некој ден, го читаме теориското образложение на внатрешната уцена и закана, за оваа држава и нација ако не потклекнат. Имено, некое момче-колумнист го најавува - Патот кон федерализацијата. Вели – Охридскиот рамковен договор веќе не важи. Претходниот Устав бил генератор на кризи. Моја забелешка: Албанскиот тогашен блок во власта воопшто не реагирал на таквиот карактер на Уставот. Напротив, комотно си седеше во власта. Kонфликтот од 2001 г. наводно, според колумнистот, не бил за освојување на територии, туку чисто за „видот на државата“. Ваква пак одредба, вид на државата, никаде, во ниту една теорија или систем не постои. Но, моја забелешка, дури некаде три месеци по почетокот на конфликтот 2001 г., некој беше споменал човекови права и сл. Пред тоа се пукаше и гинеше, чисто без врска, чисто да се контролира некое село или атар и сл. Но, сеедно. Охридскиот рамковен бидна; беше добар документ, потребен документ, мировен и државотворен документ, документ со кој оваа држава може да се гордее, макар што малку ги онеправда другите, помали етнички заедници. Но, дај Боже, таков документ, со барем 5% од правата на етничките заедници во Македонија, да има во соседните земји, каде што етничките Македонци не смеат ниту да се декларираат ниту да се изјаснат и попишат како Македонци. И влезе Охридскиот рамковен во Уставот, од А до Ш. И Уставот се остварува, а и сиот правен поредок на база на Уставот.

А Уставот е правен токму според консоционалниот модел на уредување (авторот го нарекува консоцијализам); доколку некои политички или етнички блокови и партнери прават компромиси или „дејанија“ надвор од Уставот, значи дека го кршат уставниот и правниот поредок. Ама досега немало такви оцени, барем никој кај нас не дал таква оцена. Па дури и кога се омаловажува државната химна или армиските униформи или знамето или народните херои. Ниту една политика, партиска, владина, опозициска, „блоковска“, не смее да се лансира ако е надвор од Уставот. За тоа пак има силни инструменти за поправка; не со бојкоти, молк или закани. Но, колумнистот едноставно ќе прогласи - „консоцијализмот“ кај нас се распаѓа, другиот наводен „модел“, интегративниот (инаку таков во политологијата не постои...) бил невозможен, така што за да се избегне „мајоризацијата“ која албанските политички партии ги довела во ситуација како пред 2001 г., патот бил во федерализација, исто така пат и модел со кој се избегнуваат конфликти. Чиста закана и уцена. Ни две ни три - пукање па федерализација. Ептен оригинални решенија.

Има уште едно решение што сите го забораваат, а е централно во преамбулата на Охридскиот рамковен: Овој договор ќе го промовира мирниот и хармоничен развој на граѓанското општество со едновремено почитување на етничкиот идентитет и интереси на сите македонски граѓани... Вистина е малку потешко решение од пукање и федерализација, ама е и малку потрајно и демократско. Вака, без него, секоја најситна одлука што некому не му се бендисува, може да се прогласи за мајоризација, па следствено да се предложи пукање и федерализација. Kако пат за разрешување на конфликти. Тоа што сепак охрабрува е што во економијата, во оваа ситуација што ја имаме, нема на пр. разногласија меѓу коморите, вклучувајќи ја и северозападната од Тетово. Сите мислат исто за решенијата и на Владата и предлагаат исто. Зошто пак тој пример не можат да го користат Владата, коалицијата, опозицијата, блоковите и сите други? Тоа би било за заеднички проблеми, заеднички решенија.

Димитар МИРЧЕВ

--------------------
Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Македонец
неантички
****

Регистриран: 10.03.2012
Мнения: 1313
От: МКД
Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана.
    #2959141 - 27.09.2012 15:57 [Re: Македонец]

http://www.libertas.mk/%D1%84%D1%80%D1%8...B5%D0%BB%D0%B0/

Фрчкоски: Федерализацијата би довела до распад на Македонија

Во кафе-книжарницата „Библиотека“ во Старата скопска чаршија вчера се одржа дебата на тема „Федерализацијата , решение за Македонците“ во која учествуваа професорот Љубомир Данаилов Фрчкоски, и социологот и политолог Башким Бакиу.

Бакиу ги објасни неколкуте форми на мултикултуно општество и изјави дека случајот со Македонија е мултикултурен контекст во кој доминантниот народ се соочува со помала група која е актвна во процесот на промоција на своите културолошки и човекови права и кој сака да ги афирмира своите вредности. Неговата клучна теза беше дека федерализацијата на земјата е потребна поради поправична употреба на ресурсите и тотална и реална децентрализација.

Фрчкоски истакна дека неговата основна теза, која ја делеле со поголемата група странци во текот на преговорите за охридскот рамковен договор, е дека опцијата за федерализација е државно неодржива.

- Ентитетите кои ќе се создадат од федерализација не се одржливи. Федерализацијата би претставувала само кратка фаза до комплетно распаѓање на Македонија. Притоа губитници ќе бидат Македонците. Албанската заедница ќе се спои кон Косово, што е поверојатно, или кон Албанија. Македонците нема да се одржат во тоа мало парче, а потоа ќе се судрат околу прашањето каде сакаат да одат – изјави Фрчкоски.

Својата основа теза против федерализирањето на Македонија, Фрчкоски ја поткрепи со три аргументи. Според него елементот на поделбата не може да се одвива политички коректно, дури ни со помош на странски гаранции. Ентитетите не може да се поделат на начин да се избеге насилство.

- Кога се двојат елементи на две држави тие во логикате на поделувањето не сакаат да останат мултикултурални внатре. Тие ќе сакаат во рамки на деловите да се исчистат. И Макдонците врз Албанците кои обратно. Тоа ќе биде етничко чистење и нема да може да се избегне. Тоа е неминовно и ќе доведе до тензија меѓу заедниците кои ќе застанат во непријателски став поради внатрешните етнички чистења кои, во најдобра ситуција би биле само мирни, но со притисок и тензија помеѓу заедниците – изјави Фрчкоски и додаде дека мали држави како Македонија не може да продуцираат одржливи држави кои потоа нема да се слеат со други нации.

Третиот аргумент на Фрчкоски беше дека сите светски автори кои се залагале за федерализација како Вил Кумлика и Аренд Липхард во своите подоцнежни дела поттикнати од искуството го напуштаат тој став и се залагаат за функционализирање на етничките права, а не за нивно врзување за конкретна територија.

Според Фрчкоски темата на федерализацијата се враќа не поради убеденоста во нејзината успешност, туку како резултат на притисокот и фрустрацијата од власта во Македонија, која води етноцентрична политика, но и од фрустрацијата на Албанците од сопствените политички елити кои не можат да најдат решение на понижувањата на кои се изложени етноцентричниите елити.

Според него, дебатата за федерализација на Мекедонија е резултат на изолираноста на Македонија од НАТО.

- Фазата во која сме влезени е вина на македонското етноцентрично мнозинство – изјави тој.

--------------------
Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Страници: 1



Допълнителна информация
0 регистрирани и 46 анонимни потребители в момента разглеждат този форум.

Модератор:  admiral 

Изпечатай темата

Възможности в този форум:
Не можете да добавяте нови теми
Не можете да отговаряте на мненията
HTML - забранен
Псевдо-HTML - разрешен

Рейтинг:
Брой показвания: 498

Мнението ти за темата:

Прехвърли се в



ALL.BG не носи отговорност за съдържанието на мненията, публикувани във форумите.

НАЧАЛОРЕКЛАМАВРЪЗКА С НАСКОНТАКТИЗА НАС

©1999-2015 ALL.BG Всички права запазени!

Generated in 0.031 seconds in which 0.011 seconds were spent on a total of 13 queries. Zlib compression enabled.