-Српските шовинисти - не' учат да ги мразиме Бугарите и дека говориме на наметнат бугарски дијалект наместо вистинскиот јужносрбијански (?!) и кога би им се дало власт во Македонија би ништеле се' што е бугарашко до сотирање. -Бугарските шовинисти - не' учат да ги мразиме Србите и велат дека говориме на србизиран до трт дијалект и кога би им се дало власт би ништеле се' што е србоманско во Македонија, а особено оние од мешаните бракови (примерот што го даде Србо од Котле) -Србоманите (не србофилите, бидејќи има разлика) се преправаат дека се Македонци приближувајќи ни ги српските ставови, убедувајќи не дека Србите ни се први браќа а тоа со црквата и поддржувањето на Грците е само онака и дека Бугарите се Татари и со нив не можеме да имаме ништо и никогаш не сме имале ништо заедничко. -Бугарашите (не бугарофилите, ниту пак македонските Бугари бидејќи има разлика) само кинкаат УДБА, србокомуњари, србизација, рејугословенизација, мразат Срби, колнат како жени а не прават ништо Македонците да ги запознаат убавите страни на Бугарија, Бугарите и нивната култура.
Кога првпат отидов во Бугарија не видов никаде Татари, видов убави, културни и пристојни луѓе и никој не ме замараше со глупости. Е имаше такви кои ми велеа: „вие сте македонски б'лгари и в това нјама ништо лошо“ на коешто јас им кажав: „не бе вие сте бугарски македонци и во тоа нема ништо лошо“ што заврши со смеа и без дипломатски скандал. Не велам дека нема и поинаков вид на Бугари, но веројатно имав среќа да си поминам убаво. Многу ми се допаѓа бугарската музика, а и бугарскиот јазик е доста пријатен за уво, особено кога го слушам од Бугарки. Да не треба да се чувствувам лошо поради тоа? Недоволно Македонец?
Се знам со една девојка која е Србинка од Македонија. Не ми е ништо, нема ништо меѓу нас, дури не сме ни доволно блиски да се наречеме ни другари ни пријатели или сл. но многу ја почитувам поради нејзиното однесување и она што во Бугарија се нарекува изл'чване. Таа си ги сака Србите, многу убаво игра српски ора, ама ги сака и македонските песни и не се фолира вметнувајќи српски зборови како што прават некои србомани на пример и се однесува сосема нормално - и што сега, јас би требало неа да ја мразам поради српските колонисти по 1913 год.?
Или можеби би требало да се чувствувам виновен и да се срамам затоа што некои од омилените песни на омилената ми група од бивша Ју, а тоа е Леб и Сол се испеани на српски? А Бугарите слободно да полнат стадиони на Брена, Цеца и Бијело Дугме?
Море аааајде деф од тука, Македонија си е Македонија
-------------------- Ridentem dicere verum
Екстри:
татар
сеирджия
Регистриран: 25.10.2011
Мнения: 4357
От: Улан Батор
Re: Што е лошо кај.... #2951506 - 12.09.2012 22:03
[Re: Пaт]
Отговори
Цитирай
србокомуняр!
-------------------- Антифриза е нехетеросексуален!
Екстри:
татар
сеирджия
Регистриран: 25.10.2011
Мнения: 4357
От: Улан Батор
Re: Што е лошо кај.... #2951507 - 12.09.2012 22:09
[Re: татар]
Отговори
Цитирай
Вашите ги деля на диаспораджии,недоучили и нормални люде...Първите са най-велики,ама Македония я знаят само на картинка,а недоучилите мразят всичко що не почва с буква "М" без да знаят защо...третите са....македонци
-------------------- Антифриза е нехетеросексуален!
Регистриран: 15.02.2012
Мнения: 2544
От: Меѓу Беласица и Огражден
Re: Што е лошо кај.... #2951521 - 12.09.2012 22:22
[Re: Пaт]
Отговори
Цитирай
Браво бе Пат,многу добро напишано.Имаш си свои јасни ставови,немаш предрасуди, това ме ареса.За србинката,пушти си раката ич не се мисли,не остави така незавршено.
Re: Што е лошо кај.... #2951522 - 12.09.2012 22:24
[Re: Пaт]
Отговори
Цитирай
Цитат: -Српските шовинисти - не' учат да ги мразиме Бугарите и дека говориме на наметнат бугарски дијалект наместо вистинскиот јужносрбијански (?!) и кога би им се дало власт во Македонија би ништеле се' што е бугарашко до сотирање. -Бугарските шовинисти - не' учат да ги мразиме Србите и велат дека говориме на србизиран до трт дијалект и кога би им се дало власт би ништеле се' што е србоманско во Македонија, а особено оние од мешаните бракови (примерот што го даде Србо од Котле)
Кога првпат отидов во Бугарија не видов никаде Татари, видов убави, културни и пристојни луѓе и никој не ме замараше со глупости.
Път, мисля че сам си отговорил на дилемата си. Твоята дилема е и моя дилема, но погледната от другата страна. Това, което знам от историята за Македония е, че Македония е била най-българската земя(разбира се веднага след Добруджа). Когато за пръв път отидох в Македония и аз бях очарован. И от хората, и от природата, и от историческото наследство. Когато Македония получи независимост очаквах, че България и Македония ще плеснат с ръце и ще се прегърнат. Какво беше моето удивление, когато се разгърнаха "анти" кампании и двете държави не се доближиха и на милиметър една до друга. Сега си мисля, че за това отчуждение са виновни два фактора: Първия е югославското минало на Македония(с Югославия бяхме врагове). И Втория за постюгославското продължение на разделението мога да обвиня освен Сърбия, Гърция и Илюминатите, също и собствената си държава. Продължението следва.
-------------------- Не обръщай внимание на всичките думи, които се говорят;Еклесиаст 7:21
Re: Што е лошо кај.... #2951529 - 12.09.2012 22:37
[Re: Боко Тиквата]
Отговори
Цитирай
Хехе, Боко за Србинката, со неа се знам од пред некое време и таа веќе е вљубнеа (можеби веќе и армасана) а јас не верувам во несреќна и невозвратена љубов Но не тоа ми беше поентата. Едноставно кажано не сакам да бидам шовинист и историски и политички исфрустрирана личност. Може да спориме и за историјата и за политиката при што можеби и нема да бидам супер објективен што е и нормално бидејќи сум субјект, а не објект, како што кажа некој во една прилика.
Но што има да се потресувам околу површни работи и да бидам со ограничен ум. Јас велам дека токму тие, шовинистите од било кој вид, најмалку си ги познаваат културните вредности на опцијата или каузата за која се залагаат, а тоа важи и за македонските шовинисти, бидејќи ги гледаат само нештата коишто сакаат да ги видат, притоа самите пропуштајќи ја вистинската страна на случувањата, правејќи си некои свои претстави за нештата, но тоа е ограничување на погледите.
Re: Што е лошо кај.... #2951531 - 12.09.2012 22:38
[Re: Пaт]
Отговори
Цитирай
Цитат: .... Кога првпат отидов во Бугарија не видов никаде Татари, видов убави, културни и пристојни луѓе и никој не ме замараше со глупости. Е имаше такви кои ми велеа: „вие сте македонски б'лгари и в това нјама ништо лошо“ на коешто јас им кажав: „не бе вие сте бугарски македонци и во тоа нема ништо лошо“ што заврши со смеа и без дипломатски скандал.....