Македонците што сакаа да играат само на македонски песни, славеа на стадионот, додека на плоштадот во Неред се собраа сите што одлучија да слават и со грчка музика, но прославата на празникот, сепак, почна со српски песни
Празникот Голема Богородица во Егејска Македонија вчера се славеше на две локации. Едната прослава беше на плоштадот во леринското село Неред, а другата на стадионот, десетина метри подолу. Поделбата на Македонците за прославата на празникот се случи поради изборот на песни кои тие ги подготвуваа да ги слушаат ноќта. Па така, Македонците што сакаа да играат само на македонски песни, славеа на стадионот, додека на плоштадот се собраа сите што одлучија да слават и со грчки песни.
"Ние овде сме чисти Македонци, и сакаме да слушаме македонски песни. Многумина од нашите се плашат јавно да слушаат македонска музика, па затоа се одвоија и направија комбинирана прослава. По полноќ, тие ќе дојдат кај нас и ќе продолжиме да славиме сите заедно", коментираа во Лерин.
Но и покрај поделбата на Македонците, прославата на празникот почна со српски песни, кои потоа се измешаа со македонски и грчки ора.
Ова е петта средба на бегалците во Лерин. За првпат годинава таа се одржа на две локации во селото Неред, за разлика од претходните години, кога манифестацијата се организираше во селото Овчарани. Годинава повторно меѓу присутните гости од Македонија беше и таткото на премиерот Тало Груевски, заедно со сопругата Олга. Познато е дека семејството на Тало е од Крушоради, на 7 километри од Лерин. Тало е еден од децата бегалци од Егејска Македонија во 1949. Македонците во Лерин ја слават Голема Богородица две недели пред нашата, поради временската разлика во грчкиот календар.
-------------------- Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски
Re: „Македонштина“ или Србизација во Егејско?! #2951514 - 12.09.2012 22:16
[Re: Македонец]
Отговори
Цитирай
Премногу ми боде очи следниот клип. Се пее „Зајди, зајди“ пред бина на која стои текст на грчки јазик и сино-жолто грчко знаме со ѕвездата од Вергина. Симбол на гркоманство ли е тоа?!
Ја постигнува ли Грција целта на грцизација спроведувана уште од времето на Каравангелис?!
-------------------- Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски
Тоа што не му успеа на Германос Каравангелис тогаш, денес е реалност.
„Вие сте Грци уште од времето на Александар Велики, но поминаа Словените и ве словенизираа. Вашиот изглед е грчки и земјата што ја газиме е грчка. За тоа сведочат и спомениците што се скриени во неа, и тие се грчки и монетите што ги наоѓаме се грчки и натписите се грчки“ Германос Каравангелис
-------------------- Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски
Чак не мога да повярвам че са останали хора като теб в Македония кой знае и колко ли глупости ти се налага да преживяваш всекидневно и въобще ми е чудно как издържаш в цялата тази обстановка там.
-------------------- "Ваша великорусская мечта, сидя по горло в дерьме, затащить туда всех остальных. Это и есть Русизм"