ALL.BG форуми
ALL.BG поща форуми чат стая обяви картички


Форуми » Политика » Македония

Страници: 1 | 2 | >> (покажи всички)
GStojanov
Македонец
**

Регистриран: 10.03.2011
Мнения: 943
Eдинствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме
    #2966164 - 10.10.2012 18:16

АКАДЕМИК ЃЕОРЃИ ПОП-АТАНАСОВ ПРЕД ВЕСНИК “НАРОДНА ВОЛЈА”

ГОЛЕМИОТ УЧЕН ЗА НЕШТАТА ОД ЖИВОТОТ И ОД НАУКАТА И ЗА ИДНИНАТА

РАЗГОВОРОТ ГО ВОДИ ЈАН ПИРИНСКИ - ГЛАВНИОТ УРЕДНИК НА ЕДИНСТВЕНИОТ МАКЕДОНСКИ ВЕСНИК ВО БУГАРИЈА

Во почетокот на јуни годинава професор д-р Ѓеорѓи Поп-Атанасов беше избран за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). По овој повод г-н Јан Пирински - главниот уредник на нашиот вестник - „Народна волја”, - се поврза со големиот учен и го искористи случајот, за да земе од него интервју. В овој број го објавуваме нивниот разговор.

- Професоре Поп-Aтанасов, дозволете ми од името на редакцијата на „Народна волја“ и од мое лично име да Ви го честитам изборот за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите и да Ви посакам добро здравје и успешна работа во оваа највисока научна институција во Република Македонија.

– Ви благодарам за честитката и Ви посакувам, исто така, добро здравје и успех во Вашата работа.

– Со оглед на тоа што Вие потекнувате од Пиринскиот дел на Македонија, роден сте во разлошкото село Елешница, за нашите читатели ќе биде интересно да кажете нешто во врска со Вашиот живот во родниот крај.

– Морам да признаам дека не ми е сосем лесно да се потсетувам на тој период од мојот живот, иако станува збор за детството и за младите години од животот. Тешко се живееше во повоените години во Бугарија. Народот беше осиромашен, по селата сè уште немаше струја, учевме на газиени ламби.

- Се сеќавате ли на културната автономија во Пиринскиот дел на Македонија?

- Тоа беше, можеби, единствената светла точка во општествениот живот на пиринските Македонци. Се сеќавам кога во моето родно село Елешница дојде учителот по македонски јазик и македонска национална историја; се викаше Живко Велевски и беше по потекло од градот Ресен. Тогаш во библиотеката на нашето основно училиште имаше македонски книги и списанија и ние со голем интерес ги читавме. Ваквиот ентузијазам, меѓутоа, траеше многу кратко. Во пролетта на 1948 год. се случи Информбирото и сите македонски учители и другите културни работници од Република Македонија (артисти од Македонскиот народен театар во Горна Џумаја, книжари и сл) беа протерани од нашиот крај. Настана целосен пресврт во односот на бугарските власти кон тогашна Народна Република Македонија и кон Југославија во целина што доби своја завршница на Априлскиот пленум на ЦК на БКП во 1956 год., кога и официјално се оспори правото на Македонците на самостојност и самоопределување и бугарската државна политика се врати на позициите од времето на фашизмот.

– Како го доживеа овој политички пресврт народот во Пиринска Македонија?

– Овој пресврт на бугарската политика кон Македонија и Македонците беше голем шок за македонското население, особено за школската младина и за македонската интелигенција. Во сите средни училишта на територијата на Пиринска Македонија дојде до спонтан револт, а потоа и до организирано спротивставување на антимакедонската политика на Бугарија. Тоа, се разбира, доведе до репресија од страна на бугарските власти, при што многу средношколци беа исклучени од училиштата, а други беа судени и осудени на долгогодишни казни затвор. А единствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме Македонци.

– Што се случи со Вас потоа и од кога живеете во Република Македонија?

– По излегувањето од бугарскиот затвор бев упатен на двегодишна принудна работа во т.н. „Трудова повинност“, а потоа се запишав да студирам на Духовната академија во Софија. По дипломирањето две години работев во Митрополијата во Благоевград, а потоа кратко време и во редакцијата на окружниот весник „Пиринско дело“. Во република Македонија живеам од летото на 1972 год. Тука го дооформив своето образование – магистрирав и докторирав на Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

– Во која научна област специјализиравте и во кои научни институции сте работеле во Република Македонија?

– Магистерскиот и докторскиот труд, како и повеќето други научни трудови што ги имам објавено, се од областа на средновековната македонска книжевност. Досега сум објавил над 20 книги и околу 150 научни прилози во периодични изданија во Македонија и во странство. Инаку сум работел во повеќе црковни, културни и научни институции: Македонската архиепископија, Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата, Народната и универзитетска библиотека (Одделение за старословенски ракописи), Институтот за македонска литература, каде што сум бил раководител на Одделението за средновековна македонска книжевност, и Православниот Богословски факултет. На Православниот Богословски факултет во Скопје од 1990 год. ги предавам предметите од областа на Стариот завет и староеврејски јазик, вовед во Светото писмо на Стариот завет, старозаветна историја со библиска археологија и старозаветна егзегетика со библиска херменевтика. Во текот на изминатите 40 години сум вршел научни истражувања во голем број библиотеки, архиви, музеи и други институции во странство, во кои се чуваат старословенски ракописи по потекло од Македонија.

– Професоре Поп-Атанасов, од она што ни го кажавте јасно се гледа дека имате богата научно-истражувачка активност, кажете ни каков е Вашиот придонес во другите сфери на образовната и научната дејност?

– Со оглед на тоа што го проучувам македонското ракописно наследство настанато во периодот од X па сè до XIX век, како и развојот на кирилското писмо во него, повеќе години сум го предавал предметот кирилска палеографија на Филозофскиот факултет во Скопје, а сум одржувал специјалистички предавања од областа на средновековната книжевност и на постдипломските студии при Катедрата за историја на македонската литература при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Освен тоа, сум бил ментор или сум членувал во комисии за одбрана на магистерски и докторски дисертации, со што сум дал свој придонес за успешно формирање на нови научни кадри од областа на старословенската медиевистика. Сум раководел со научно-истражувачки проекти и редовно сум учествувал на научни симпозиуми во земјата и во странство.

– Од медиумите разбравме дека македонското Министерство за култура ќе организира во октомври оваа година во престолнината на Европската унија Брисел изложба на старословенски ракописи што се чуваат во Република Македонија, меѓутоа, Република Бугарија во врска со оваа изложба прави опструкции, протестира и сл. тврдејќи дека станува збор за бугарско културно наследство. Што мислите Вие за тоа?

– Очигледно е дека бугарската политика е заслепена од преголемите претензии што ги има кон сè што е македонско. Во славистичката наука одамна е познато дека словенската писменост ги има своите корени во Македонија: светите Кирил и Методиј го издигнаа говорот на македонските Словени од Солунско на ниво на книжевен јазик за сите православни Словени, а од Охридската книжевна школа словенската писменост се шири кон соседните словенски земји и Русија. Во времето на покрстувањето на Русите при Владимир Покрстител во 988 год., од цар-Самоилова Македонија во Русија се испратени свештени лица (епископи, свештеници, ѓакони) и црковни книги, кои го означиле како почетокот на Руската Православна црква, така и почетокот на словенската писменост во Киевска Русија. Познато е, исто така, дека во минатото македонските цркви и манастири располагале со богати библиотеки со старословенски ракописи, кои уште во текот на XIX век се изнесени од Македонија и сега се наоѓаат во архиви, библиотеки и музеи надвор од Република Македонија. Голем дел од ова на незаконски начин присвоено македонско културно наследство денес се наоѓа во Бугарија. Само како пример ќе наведеме дека скоро сите старословенски ракописи што денес се сопственост на Бугарската академија на науките се од македонско потекло, при што некои од тие ракописи се однесени од Македонија во времето на Првата светска војна, кога Македонија била под бугарска окупација. Имено затоа, зачудува фактот што Бугарите искажуваат претензии не само кон она македонско културно наследство што во минатото успеале да го присвојат, туку и кон она што не успеале да го однесат, па останало во Македонија.

– Професоре Поп-Атанасов, кажете ни нешто и околу Вашиот избор за редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, во кое Одделение на Академијата сте избран и какви се Вашите планови за иднина?

– Македонската академија на науките и уметностите е основана во 1967 год., има шест одделенија и денес, заедно со избраните нови шест членови има вкупно 46 академици. Јас сум избран во Одделението за лингвистика и литературна наука, во коешто сега има вкупно 7 редовни членови. Конкурсот за избор на нови членови на МАНУ се распиша на 15 ноември 2011 год., изборните процедури траеја околу шест месеци, по што на Изборното собрание на 4 јуни 2012 год., од четириесетина кандидати, беа избрани шесте нови членови – по еден во одделенијата за лингвистика и литературна наука, за општествени науки и за медицински науки, како и тројца во Одделението за уметност.

Што се однесува до моите идни планови, ако ме служат здравјето и умот, ќе продолжам да работам во областа на средновековната книжевност, да го проучувам македонското ракописно наследство, кое е навистина обемно и сè уште не е во доволна мера проучено.

– Што мислите за македонско-бугарските односи? Можно ли е меѓу нашите две земји, меѓу македонскиот и бугарскиот народ да се изградат вистински пријателски односи?

– Сè е можно ако се има добра волја. Меѓутоа, ситуацијата каква што е денес, не ни дава многу надеж.




http://narodnavolja.com/articles2012/10/txt01.asp


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Yuf Gaskew Junior
непотребен
***

Регистриран: 18.04.2012
Мнения: 1468
Re: Eдинствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме
    #2966169 - 10.10.2012 18:22 [Re: GStojanov]

Парцалче, парцалче, парцалче....пароле, пароле, пароле...


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Opk
неясен
***

Регистриран: 17.09.2008
Мнения: 3048
От: София
Re: Eдинствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме
    #2966173 - 10.10.2012 18:27 [Re: GStojanov]

Ти не се ли усещаш, че това никой няма да го прочете.
Некой си от некъде си казал нещо

--------------------
Съглеждам в очите ти страх и омраза. За теб съм чудовище, което дебне в сенките, чудовище, с което плашиш децата. Но вгледай се внимателно в това чудовище. И ще видиш, че ти самият си чудовище.


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
vargo
ненаситен поклонник
****

Регистриран: 19.06.2009
Мнения: 1082
Re: Eдинствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме
    #2966178 - 10.10.2012 18:32 [Re: GStojanov]

Щом единствената "светла точка " в живота на този "академик" и на пиринците според него била някъде през мракобесните години на сталинския комунизъм 1948г.-то повече няма нужда от коментар и допълнително пояснения що сталинистко гю**е е въпросния тип!!!!

И още нещо Стоянов-покажи на тоя фалшив професор какъвто в реномирани университети няма да го вземат и за портиер -какво е населението в Пиринския край и дали тези МЛАДИ хора са заблудени та не си знаят потеклото ?!?! Това са Пиринците ,а не като на вашите хомовски събори където се сбират 50 дъртака и още толкова алкохолика гости от Скопие за подкрепа като напълнят гащите след петата ракия!!!
Не разбрали че каузата или по скоро нахалството да представите че в България има македонско малцинство и то е дискриминирано е загубена бе и никой не ви бръсне за слива !!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!





--------------------
Разказ изплют от урод с врява и безумство -лишен от капка смисъл!!
Шекспир.
п.п. виж ми аватара !!

Редактирано от vargo (10.10.2012 18:41)


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
nereza
ветеран
***

Регистриран: 18.02.2012
Мнения: 1452
Re: Eдинствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме
    #2966207 - 10.10.2012 19:55 [Re: GStojanov]

Стоянов, ти не разбра ли, че имаме вътрешен човек в народна воля и той ни държи в течение по въпроса за борбата на поробениот македонски народ

Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
GStojanov
Македонец
**

Регистриран: 10.03.2011
Мнения: 943
Re: Eдинствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме
    #2966210 - 10.10.2012 20:03 [Re: nereza]

Цитат:

Стоянов, ти не разбра ли, че имаме вътрешен човек в народна воля и той ни държи в течение по въпроса за борбата на поробениот македонски народ




Кои сте тие вие?


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Yuf Gaskew Junior
непотребен
***

Регистриран: 18.04.2012
Мнения: 1468
Re: Eдинствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме
    #2966214 - 10.10.2012 20:06 [Re: GStojanov]

То го е казал поетът от Кукуш Христо Смирненски кои сме ние още отдавна:


Ний всички сме деца на майката земя,
но чужда е за нас кърмящата й гръд,
и в шеметния кръг на земния си път,
жадувайки лъчи, угасваме в тъма -
ний, бедните деца на майката земя.

Край нас се вие бич, над нас тежи хомот
и робския закон на жълтия метал;
ний раснем в нищета, ний гаснем сред печал
и ръсим в своя друм сълзи и кървав пот -
ний, бледи смъртници - родени за живот.

А ний сме океан от огнени вълни,
величествен керван към светли висоти;
Чрез нашите сърца вселената тупти,
живота се крепи на раменете ни,
но ний сме океан от стенещи вълни.

На земните блага всевечни сме творци,
а нужда ни души до хладната си гръд.
Под черните крила на дебнещата смърт
привеждаме чела със трънени венци -
ний, вечните творци, ний морните борци.

Но иде ден на съд! Над майката земя
надвисва ураган и в громкия му зов
преплитат се ведно омраза и любов,
а майката земя възсепва се сама,
потъпкала греха, отърсила срама.

Защото в боен ред сред робската тъма
възбунени вълни издигат се със рев,
защото накипя свещеният ни гнев
и неговият вик стозвучно загърмя:
"И ние сме деца на майката земя!"


http://www.slovo.bg/showwork.php3?AuID=50&WorkID=674&Level=2


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
nereza
ветеран
***

Регистриран: 18.02.2012
Мнения: 1452
Re: Eдинствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме
    #2966215 - 10.10.2012 20:07 [Re: GStojanov]

Цитат:

Цитат:

Стоянов, ти не разбра ли, че имаме вътрешен човек в народна воля и той ни държи в течение по въпроса за борбата на поробениот македонски народ




Кои сте тие вие?




великобългарските шовинисти.


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
GStojanov
Македонец
**

Регистриран: 10.03.2011
Мнения: 943
Re: Eдинствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме
    #2966216 - 10.10.2012 20:07 [Re: GStojanov]

Чекај сега, зошто влезе Бугарија во Првата Балканска Војна:

1. Да ја ослободи Пиринска Македонија
2. Да ја ослободи цела Македонија
3. Да го ослободи Истанбул


Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Yuf Gaskew Junior
непотребен
***

Регистриран: 18.04.2012
Мнения: 1468
Re: Eдинствената наша вина беше што бевме македонци и сакавме да останеме
    #2966221 - 10.10.2012 20:10 [Re: GStojanov]

Да те освободи тебе, ама не успя заради Европа-Блудницата Вавилонска-и сърбите те ослободиха така курвенски после, че още влага ти държи...

Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!   Уведоми модератора  
Страници: 1 | 2 | >> (покажи всички)



Допълнителна информация
0 регистрирани и 58 анонимни потребители в момента разглеждат този форум.

Модератор:  admiral 

Изпечатай темата

Възможности в този форум:
Не можете да добавяте нови теми
Не можете да отговаряте на мненията
HTML - забранен
Псевдо-HTML - разрешен

Рейтинг:
Брой показвания: 661

Мнението ти за темата:

Прехвърли се в



ALL.BG не носи отговорност за съдържанието на мненията, публикувани във форумите.

НАЧАЛОРЕКЛАМАВРЪЗКА С НАСКОНТАКТИЗА НАС

©1999-2015 ALL.BG Всички права запазени!

Generated in 0.026 seconds in which 0.005 seconds were spent on a total of 14 queries. Zlib compression enabled.