Бугарскиот амбасадор во Скопје не присуствувал на затворената проекција на филмот „Трето полувреме“, организирана деновиве од македонскиот Музеј на холокаустот за дипломатскиот кор и гости од Бугарија. Иако неговите шефови во Софија цела година се жалат дека филмот на режисерот Дарко Митревски е кампања против бугарската историја, амбасадорот Иван Петков не им се придружел на своите колеги.
Бугарската амбасада не коментира зошто Петков не сакал да го гледа филмот кој стана предмет на координирани напади од бугарската јавност затоа што во него се гледа дека бугарските окупаторски власти во Втората светска војна се виновни за прогонот на македонските евреи во логорите на смртта.
Според информациите на Канал 5, Петков до последен момент од Софија чекал дозвола за гледање на филмот „Трето полувреме“, но не ја добил. Познавачи на односите меѓу двете земји велат дека одлуката на Софија е поврзана со стратегијата за црвени линии кои вчера ги најави шефот на Петков. На Софија и е јасно дека во филмот нема никакви антибугарски пораки и дека штом тој ќе биде виден ќе пропадне бугарската кампања. Бојкотот на Петков се случува неколку дена откако на Јутјуб се појави сведочењето на Нета Коен, скопската еврејка, чиј лик во филмот го толкува манекенката Катарина Ивановска.
Улогата на бугарската држава во уништувањето на евреите од Македонија и Тракија која по 7 децении се уште е табу тема во соседна Бугарија која со месеци предизвикува тензии на релација Скопје -Софија. За среќа на Македонија, таа во случајот на своја страна ги има историските факти зад кои стојат еврејските организации во светот и Стивен Спилберг за чија Фондацијата Нета Коен го дала своето сведоштво пред 13 години.
Горан Момироски
Абе тоа Момирос още ли пише? Надявам се да е влезнал здраво навътре в червените линии на новата Българска политика спрямо БЮРМистан и да си подвие куйрука. Hello Momiros, the big brother watching you...
-------------------- Не разбрав што сакав да кажам, ама се надевам вие да ме разберете.