-Српските шовинисти - не' учат да ги мразиме Бугарите и дека говориме на наметнат бугарски дијалект наместо вистинскиот јужносрбијански (?!) и кога би им се дало власт во Македонија би ништеле се' што е бугарашко до сотирање. -Бугарските шовинисти - не' учат да ги мразиме Србите и велат дека говориме на србизиран до трт дијалект и кога би им се дало власт би ништеле се' што е србоманско во Македонија, а особено оние од мешаните бракови (примерот што го даде Србо од Котле) -Србоманите (не србофилите, бидејќи има разлика) се преправаат дека се Македонци приближувајќи ни ги српските ставови, убедувајќи не дека Србите ни се први браќа а тоа со црквата и поддржувањето на Грците е само онака и дека Бугарите се Татари и со нив не можеме да имаме ништо и никогаш не сме имале ништо заедничко. -Бугарашите (не бугарофилите, ниту пак македонските Бугари бидејќи има разлика) само кинкаат УДБА, србокомуњари, србизација, рејугословенизација, мразат Срби, колнат како жени а не прават ништо Македонците да ги запознаат убавите страни на Бугарија, Бугарите и нивната култура.
Кога првпат отидов во Бугарија не видов никаде Татари, видов убави, културни и пристојни луѓе и никој не ме замараше со глупости. Е имаше такви кои ми велеа: „вие сте македонски б'лгари и в това нјама ништо лошо“ на коешто јас им кажав: „не бе вие сте бугарски македонци и во тоа нема ништо лошо“ што заврши со смеа и без дипломатски скандал. Не велам дека нема и поинаков вид на Бугари, но веројатно имав среќа да си поминам убаво. Многу ми се допаѓа бугарската музика, а и бугарскиот јазик е доста пријатен за уво, особено кога го слушам од Бугарки. Да не треба да се чувствувам лошо поради тоа? Недоволно Македонец?
Се знам со една девојка која е Србинка од Македонија. Не ми е ништо, нема ништо меѓу нас, дури не сме ни доволно блиски да се наречеме ни другари ни пријатели или сл. но многу ја почитувам поради нејзиното однесување и она што во Бугарија се нарекува изл'чване. Таа си ги сака Србите, многу убаво игра српски ора, ама ги сака и македонските песни и не се фолира вметнувајќи српски зборови како што прават некои србомани на пример и се однесува сосема нормално - и што сега, јас би требало неа да ја мразам поради српските колонисти по 1913 год.?
Или можеби би требало да се чувствувам виновен и да се срамам затоа што некои од омилените песни на омилената ми група од бивша Ју, а тоа е Леб и Сол се испеани на српски? А Бугарите слободно да полнат стадиони на Брена, Цеца и Бијело Дугме?
Море аааајде деф од тука, Македонија си е Македонија
-------------------- Ridentem dicere verum
|