Хехе, Боко за Србинката, со неа се знам од пред некое време и таа веќе е вљубнеа (можеби веќе и армасана) а јас не верувам во несреќна и невозвратена љубов Но не тоа ми беше поентата. Едноставно кажано не сакам да бидам шовинист и историски и политички исфрустрирана личност. Може да спориме и за историјата и за политиката при што можеби и нема да бидам супер објективен што е и нормално бидејќи сум субјект, а не објект, како што кажа некој во една прилика.
Но што има да се потресувам околу површни работи и да бидам со ограничен ум. Јас велам дека токму тие, шовинистите од било кој вид, најмалку си ги познаваат културните вредности на опцијата или каузата за која се залагаат, а тоа важи и за македонските шовинисти, бидејќи ги гледаат само нештата коишто сакаат да ги видат, притоа самите пропуштајќи ја вистинската страна на случувањата, правејќи си некои свои претстави за нештата, но тоа е ограничување на погледите.
-------------------- Ridentem dicere verum
|