Re: Бугарскиот амбасадор одби да го гледа филмот „Трето полувреме“!
#2952217 - 14.09.2012 12:21
Отговори
Цитирай
Естер, а од каде ти си запозната со тоа што е од филмот - од бугарските медиуми, така ли? Дарко Митревски вели дека зборот „Бугари“ и „Бугарија“ едвај и да е спомнат во филмот, но за сметка на тоа се спомнува дека во Бугарија четириесеттина депутати го спречуваат депортирањето на бугарските Евреи. И потоа некој Евреин реплицира; далеку е Софија, додека тоа да стигне до тука, нас ќе не однесат“.
Значи, на негледан филм се прават заклучоци за антибугарска кампања. Инаку, токму јас сум против секаква пропаганда, било да се работи за антибугарска или антимакедонска, а особено по пат на манипулации, вадења од контекст, бидејќи тоа е долно и срамно и е навреда на човечката интелегенција и достоинство, било тоа да го прави Македонец или Бугарин. Исто му се фаќа.