Re: Бугарскиот амбасадор одби да го гледа филмот „Трето полувреме“!
#2952253 - 14.09.2012 13:05
Отговори
Цитирай
Пак ќе кажам, не можам да знам дали филмот „Трето полувреме“ е антибугарска кампања, бидејќи го немам гледано филмот. Просто и едноставно. Дека во Македонија во текот на пеесетте години на Југославија беше градена и претставувана црно-бела слика за четирите години на бугарско владеење за време на ВСВ е точно. Дека бугарските власти во дадени случаи сурово се однесувале кон ЦИВИЛНОТО население, исто така е точно, бидејќи има најразлични сеќавања за тој период. Ајде да кажеме дека и тоа е манипулација дури и самоизмама на тие свидетели, има еден интересен текст на Коста Црнушанов за тој период, а мислам дека знаеш кој е Коста Црнушанов.
Целата таа поларизираност помеѓу нашите две општества е резултат на црно-белите претстави на митовите, на ништо друго. Го изгледа ли ова:
Јас не застанувам во одбрана ниту на филмот, ниту на Митревски пер се, туку на начелата на правдољубивоста и вистинољубивоста. А ниту бугарските медиуми како што видовме не се имуни на тенденциозно и селективно прикажување на интервјуа, искази и видео материјали. Зошто? Тоа е прашањето..