Re: Бугарскиот амбасадор одби да го гледа филмот „Трето полувреме“!
#2952300 - 14.09.2012 14:21
Отговори
Цитирай
Цитат:
Да продължавам ли?
Јаготке, ајде вака:
1. Го имаш ли гледано филмот "Подгряване на вчерашния обед"? Тој филм антибугарска кампања ли е? 2. Вистина е дека влегла коњицата и ги растерала разгневените навивачи од теренот и сега да ми кажуваш дека во тоа време, па згора на тоа и во воено време при што голем дел од нив дошле од којзнае каде таму во Бугарија со предубеденија дека Македонците се посрбени отпадници, шумкари и бандити следеле часови за непримена на прекумерна сила е смешна. Значи биле убаво тепани, и според кажувањата на скопјани, многу од нив се спасиле фрлајќи се во Вардар. 3. Дека имало стрелања и тоа е вистина. Дали се криеле кога стрелале или тоа го правеле јавно на улиците, не знам, нека се проверува од историска гледна точка. 4. Дека тоа била фашистичка власт а и дека и денес има неофашисти во Бугарија исто така е точно. Па во самата Бугарија има луѓе кои ги критикуваат тие фашисти потсетувајќи на стрелањата на децата во Јастребино. Што мислите, дека ние не разбираме бугарски? 5. И да, Македонија била и е светото име на нашата земја. Да не случајно тоа не е вистина?