Re: Трето полувреме - продължение
#2952419 - 14.09.2012 17:10
Отговори
Цитирай
Како прво, постојат доста сведоштва за тоа дека кај, ајде еве ќе кажам вака, Бугарите дојдени од „стара Бугарија“ имало антимакедонско расположение, и тоа уште пред да дојдат во Македонија.
Постојат сеќавања за брутални тепања без некоја особена причина. Се случуваат убиства на деца и во Македонија и во Бугарија. Постојат сведоштва за брутално мачење на политички неистомисленици со корнења на нокти и којзнае што уште не. Еден од членовите тука кажа дека дедо му му раскажувал грозотии кои ги правеле некои Бугари во пиротско, кои поубаво да не ги повторувам. Имаме депортација на Евреи од Македонија и Тракија.
И ти на мене ми велиш дека тоа било обична агитка, дека се си било нормално, дека таа власт не била параноично-шизофренична фашистичка власт? А за Македонците (или македонските Бугари) кои наводно учествувале во власта не ми зборувај. Тие биле само декор.