ALL.BG форуми
ALL.BG поща форуми чат стая обяви картички


Форуми » Политика » Македония

Пaт

***

Регистриран на: 09.01.2012
Мнения: 17777
Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов
    #2953169 - 16.09.2012 08:53

Тоа за сериите си прав, кај нас ако не се српски (или хрватски) тогаш се турски, т.е. во последно време се само турски. Инаку најголемата перверзија по однос на турските серии (што на некој начин и посакувам да се случи) е Турците да снимат некоја серија за Илинденскиот период, на пример, каде ќе се зборува за лошите бандити и комитаџии кои колат невино население и го нарушуваат редот на империјата, а праведниот султан се бори со сите сили, вклучително и против европските натрапници, да ја врати империјата на вистинскиот пат каде што верниците се секогаш надредени над неверничката раја, а се разбира тоа да не мине без некоја љубовна приказна за девојка од турската аристократија или на пример турска верзија за Цвета и Осман бег. Е, тоа ќе биде вистински сеир.

Но она што ми се допадна во оваа емисија на Васко Ефтов е што човекот се си кажа „право куме в очи“. Дека не поливаат со разни блујаници од српскиот турбо фолк и дека српските турбо-фолк „ѕвезди“ практично кај нас си го вадат лебот; дека нашите учесници во туѓите риалити шоуа се земаат како статисти и да го пополнат просторот при што им се дава некаква сомнителна улога, т.е. да бидат понижени на некој начин, а им се сипува во главата дека божем ја претставувале Македонија. Е тука Ефтов убаво му кажа на Белов кога овој кажа нешто како:„сметам дека достојно ја претставував Македонија“. Му кажа: „Која Македонија ти си претставувал? Мојата Македонија сигурно не. Ти си си претставувал некоја друга, твоја Македонија, бидејќи мојата е поинаква.“ Или за оние клишеа и мантри што ги повторуваат како папагали:„Успеав да издржам три месеци и од тоа излегов како посилна личност“ им плеска в очи:„О, па тоа е навистина храброст. Исто како да си бил на преживување, како да си некој командос и ако Македонија влезе во војна со некоја од соседните држави, можеме да сметаме на тебе.“

Инаку, таков еден обид да се стават Македонци во подредена улога имаше и во бугарскиот Мјузик Ајдол, кога беше оној инцидентот со Гркот, нели - е тогаш, при се што таквите шоуа ако ги гледам, ги гледам само за сеир, тогаш Македонците ме направија горд и достојно ја претставија Македонија со своето однесување. Освен тој дел, кон Македонците главно се однесуваа коректно со оглед на тоа дека никој од нас не очекуваше дека Македонец ќе победи на бугарски Мјузик Ајдол, за разлика од српските такви шоуа кадешто нашите учесници секогаш се во подредена улога, приморани и да пелтечат на српски, бидејќи инаку не ги разбираат.

И пак да се навратам на турбо фолкот, кога бев дете таквите кои слушаа таква музика ги нарекуваа сељаци. А сега насекаде се слуша таа музика што просто не е нормално, а особено со придружната иконографија од силиконски цицки и сл. Од секогаш при судирот на генерации се велело дека има нешто чудно во помладата генерација, но денес нештата се движат кон тотално лудило со тие силиконски лајнарии, површниот материјализам а пак за травеститизмот и да не зборуваме. Се она што е скандално, што е шокантно, што е бизарно и вулгарно се пласира на телевизиските екрани, печатот, па дури и театарот, бидејќи тоа ги буди најниските страсти кај човекот, тоа го враќа кон природата наместо да го приближува кон цивилизацијата кадешто луѓето јадат со нож и вилушка наместо со предните нозе и пијат вода од чаша наместо од локва.

--------------------
Ridentem dicere verum

Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!     Уведоми модератора

Тема Автор Публикувано
* Најдобрата емисија на Васко Ефтов Пaт 15.09.2012 21:19
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Бяло Конче   15.09.2012 22:14
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Негатор   15.09.2012 23:12
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Пaт   16.09.2012 08:55
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов iieee   16.09.2012 11:19
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Пaт   16.09.2012 12:36
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Пиринец   15.09.2012 23:15
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Негатор   15.09.2012 23:17
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Пaт   16.09.2012 08:53
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Бяло Конче   16.09.2012 09:20
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Esther   16.09.2012 09:39
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Yuf Gaskew Junior   16.09.2012 11:00
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Esther   16.09.2012 11:44
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов kiBik   16.09.2012 11:48
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Esther   16.09.2012 12:10
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов kiBik   16.09.2012 12:13
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Esther   16.09.2012 12:24
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов kiBik   16.09.2012 12:33
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Esther   16.09.2012 13:01
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Гай Баньо   16.09.2012 12:50
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Esther   16.09.2012 12:57
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Негатор   16.09.2012 14:32
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Гай Баньо   16.09.2012 14:35
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Негатор   16.09.2012 14:36
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Гай Баньо   16.09.2012 14:47
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Негатор   16.09.2012 14:51
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Гай Баньо   16.09.2012 14:56
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Esther   16.09.2012 15:45
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Негатор   16.09.2012 14:39
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Гай Баньо   16.09.2012 14:51
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Негатор   16.09.2012 14:52
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Пиринец   16.09.2012 13:29
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Негатор   16.09.2012 14:28
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Пaт   16.09.2012 14:35
. * * Re: Најдобрата емисија на Васко Ефтов Гай Баньо   16.09.2012 14:46

Допълнителна информация
0 регистрирани и 23 анонимни потребители в момента разглеждат този форум.

Модератор:  admiral 



Възможности в този форум:
Не можете да добавяте нови теми
Не можете да отговаряте на мненията
HTML - забранен
Псевдо-HTML - разрешен

Рейтинг:
Брой показвания: 860

Мнението ти за темата:

Прехвърли се в



ALL.BG не носи отговорност за съдържанието на мненията, публикувани във форумите.

НАЧАЛОРЕКЛАМАВРЪЗКА С НАСКОНТАКТИЗА НАС

©1999-2015 ALL.BG Всички права запазени!

Generated in 0.011 seconds in which 0.002 seconds were spent on a total of 12 queries. Zlib compression enabled.