За Каменот од Розета нема што да коментирам, бидејќи не сум баш убеден во тоа што го зборуваат. Интересна е нивната теорија за ротирачките симболи, но има една основна проблематична точка во нивната теорија - во тој говор нема падежи, а познато е дека падежите во говорите на териториите на денешна Бугарија, Македонија како и делумно на територијата на денешна јужна Србија почнале да се губат најрано во доцното средновековие.
Бугарскиот не го знам толку добро, сепак. Го научив главно на интернет и од време на време слушајќи бугарско радио. Кога треба да пишувам повеќе или кога ме мрзи да посветувам поголемо внимание, вообичаено одбирам да пишувам на македонски.
И да, доколку сакате да Ви персирам, може и така. Меѓутоа, тука сите сме анонимци, така што сметам дека нема потреба за тоа. Но сепак оставам на Вас вие да решите како да Ви се обраќам.
-------------------- Ridentem dicere verum
Редактирано от Пѫт (20.09.2012 22:07)
|