Или актуелниов „прв партизан“ Дарко Митревски. Исцица се што можеше од Црвенковски и СДСМ, им изигруваше некаква уметничка авангарда (а човекот бил само шнајдер, но за тоа подоцна!), па сега им се наврте на новиве. Му дадоа пари за еден филм и, виѓи врага (што би рекле црногорци), човеков стана поголем папа од папата. Порано се нечинело, сега се е одлично!?
„Авангардистов“ на времето викаше „уа шнајдери“, а сега во новиот му филм земал такви шнајдерски ножици – од овде до Белград и право до „Монтевидео, Бог те видео“. И сечел ли сечел, кроел ли кроел, безмалу пола филм! Па добро бре човече, што не најде нешто постаро („Монтевидео“ го гледавме лани), или подалеку, нешто што потешко се препознава!?