ALL.BG форуми
ALL.BG поща форуми чат стая обяви картички


Форуми » Политика » Македония

Македонец
неантички
****

Регистриран на: 10.03.2012
Мнения: 1313
От: МКД
Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана.
    #2955390 - 21.09.2012 14:21

http://dnevnik.mk/default.asp?ItemID=6A283DE77BA1394FA1B1E8FFE4BE5867

Федерализација на умот

Малку, малку, па однадвор ќе ни се заканат. Од исток, запад, север и југ. Ние, пак, немаме некој излез. Не сме некоја голема земја, немаме излез на море; не сме ниту како Босна и Херцеговина, која има барем пет километри морски излез. Не сме ниту како Чехија, Словакија и Унгарија, кои се големи земји и фактори во Европската унија. Најмалку сме како најбогатата во Европа - Швајцарија. Макар што некои наши предци сонувале Македонија да стане нешто како балканска Швајцарија. И така, и ден-денес ги трпиме последиците на поранешните европски поделби; и уште ги трпиме и сегашните соседски сништа за великодржави на сметка на Македонија, сништа уште од 19 век. Од времето на Начертанијата на Илија Гарашанин, на Мегали-идејата на Kолетис, на Сан Стефано и на Призренската лига. Но, сништата и денес треба да ги плаќаме. На пр., оние од Букурешт 1913, од Париз 1919 и 1946 г. итн. Проблемот е што воопшто постои оваа македонска држава и оваа македонска нација. И си ја плаќаме цената за тоа што воопшто постоиме.

Ајде, на овие однадвор, некако можеме да им одговараме; зошто и ние не сме толку будали колку што мислат. Kако што рекол Јован Цвијиќ, па и многу други Грци, Бугари и други - ние сме биле една етнички аморфна маса. Ама, не мора да биде и- будалеста маса. А можат и овие, неаморфни, хомогени маси да бидат будалести, зарем не? Меѓутоа, повеќе загрижува што закани за оваа држава и нација има и внатре. Божем се повикуваат на предлог-законот за бранителите, па на реакциите за кршењето на армиските правила за униформата, па на несоодветното менување на имињата на училиштата, и што с` не... И, с` тоа треба малку да се образложи. Бидејќи е сето тоа флагрантно кршење на внатрешниот правен поредок на државата, а Владата засега нема врска со тоа, ниту пак има некое изјавување, треба барем теориски да се образложи, односно теориски да се оправда уцената.

И така, во „Дневник“, пред некој ден, го читаме теориското образложение на внатрешната уцена и закана, за оваа држава и нација ако не потклекнат. Имено, некое момче-колумнист го најавува - Патот кон федерализацијата. Вели – Охридскиот рамковен договор веќе не важи. Претходниот Устав бил генератор на кризи. Моја забелешка: Албанскиот тогашен блок во власта воопшто не реагирал на таквиот карактер на Уставот. Напротив, комотно си седеше во власта. Kонфликтот од 2001 г. наводно, според колумнистот, не бил за освојување на територии, туку чисто за „видот на државата“. Ваква пак одредба, вид на државата, никаде, во ниту една теорија или систем не постои. Но, моја забелешка, дури некаде три месеци по почетокот на конфликтот 2001 г., некој беше споменал човекови права и сл. Пред тоа се пукаше и гинеше, чисто без врска, чисто да се контролира некое село или атар и сл. Но, сеедно. Охридскиот рамковен бидна; беше добар документ, потребен документ, мировен и државотворен документ, документ со кој оваа држава може да се гордее, макар што малку ги онеправда другите, помали етнички заедници. Но, дај Боже, таков документ, со барем 5% од правата на етничките заедници во Македонија, да има во соседните земји, каде што етничките Македонци не смеат ниту да се декларираат ниту да се изјаснат и попишат како Македонци. И влезе Охридскиот рамковен во Уставот, од А до Ш. И Уставот се остварува, а и сиот правен поредок на база на Уставот.

А Уставот е правен токму според консоционалниот модел на уредување (авторот го нарекува консоцијализам); доколку некои политички или етнички блокови и партнери прават компромиси или „дејанија“ надвор од Уставот, значи дека го кршат уставниот и правниот поредок. Ама досега немало такви оцени, барем никој кај нас не дал таква оцена. Па дури и кога се омаловажува државната химна или армиските униформи или знамето или народните херои. Ниту една политика, партиска, владина, опозициска, „блоковска“, не смее да се лансира ако е надвор од Уставот. За тоа пак има силни инструменти за поправка; не со бојкоти, молк или закани. Но, колумнистот едноставно ќе прогласи - „консоцијализмот“ кај нас се распаѓа, другиот наводен „модел“, интегративниот (инаку таков во политологијата не постои...) бил невозможен, така што за да се избегне „мајоризацијата“ која албанските политички партии ги довела во ситуација како пред 2001 г., патот бил во федерализација, исто така пат и модел со кој се избегнуваат конфликти. Чиста закана и уцена. Ни две ни три - пукање па федерализација. Ептен оригинални решенија.

Има уште едно решение што сите го забораваат, а е централно во преамбулата на Охридскиот рамковен: Овој договор ќе го промовира мирниот и хармоничен развој на граѓанското општество со едновремено почитување на етничкиот идентитет и интереси на сите македонски граѓани... Вистина е малку потешко решение од пукање и федерализација, ама е и малку потрајно и демократско. Вака, без него, секоја најситна одлука што некому не му се бендисува, може да се прогласи за мајоризација, па следствено да се предложи пукање и федерализација. Kако пат за разрешување на конфликти. Тоа што сепак охрабрува е што во економијата, во оваа ситуација што ја имаме, нема на пр. разногласија меѓу коморите, вклучувајќи ја и северозападната од Тетово. Сите мислат исто за решенијата и на Владата и предлагаат исто. Зошто пак тој пример не можат да го користат Владата, коалицијата, опозицијата, блоковите и сите други? Тоа би било за заеднички проблеми, заеднички решенија.

Димитар МИРЧЕВ

--------------------
Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски

Екстри: Изпечатай мнението   Напомни ми!     Уведоми модератора

Тема Автор Публикувано
* Пандели Мајко: Македонија е федерализирана. Македонец 08.09.2012 17:49
. * * Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана. Негатор   08.09.2012 17:57
. * * Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана. Македонец   08.09.2012 18:00
. * * Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана. Андреј   08.09.2012 19:51
. * * Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана. Македонец   08.09.2012 21:05
. * * Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана. Андреј   08.09.2012 21:06
. * * Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана. Македонец   18.09.2012 02:29
. * * Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана. Македонец   21.09.2012 14:21
. * * Re: Пандели Мајко: Македонија е федерализирана. Македонец   27.09.2012 15:57

Допълнителна информация
1 регистрирани и 12 анонимни потребители в момента разглеждат този форум.

Модератор:  admiral 



Възможности в този форум:
Не можете да добавяте нови теми
Не можете да отговаряте на мненията
HTML - забранен
Псевдо-HTML - разрешен

Рейтинг:
Брой показвания: 588

Мнението ти за темата:

Прехвърли се в



ALL.BG не носи отговорност за съдържанието на мненията, публикувани във форумите.

НАЧАЛОРЕКЛАМАВРЪЗКА С НАСКОНТАКТИЗА НАС

©1999-2015 ALL.BG Всички права запазени!

Generated in 0.022 seconds in which 0.009 seconds were spent on a total of 12 queries. Zlib compression enabled.