Re: EУ ја советува Бугарија да тужи за филмот Трето полувреме?
#2957550 - 25.09.2012 14:59
Отговори
Цитирай
Цитат: Ако се апстрахирам од целава работа и замислам дека сум Јапонец кој си тера сеир над балканските глупости, би ви кажал дека бугарските медиуми избрзаа со пумпањето на целата работа, а згора на тоа од сето ова направија и политички скандал. Според мене, многу помудро и позрело ќе беше да се организираа јавни дебати за собитијата и да се направи дури и некој документарен филм во стилот „право куме в очи“ и за своите и за другите, што делумно беше направено, само што на Балканот ништо не може да мине без манипулации или обиди за истите. Епа во тоа се разликуваме од нормалниот свет, тоа е работата.
Вака се направи во стилот „Молчи, бе молчи таму!“ и кога дојде денот за премиерата нормално дека ќе се мислат бугарските новинари дали да појдат на неа или не. И јас би се мислел. Иако сепак би отишол.