Re: EУ ја советува Бугарија да тужи за филмот Трето полувреме?
#2957554 - 25.09.2012 15:13
Отговори
Цитирай
Естер, но јас не кажав дека во Бугарија требало „мудро да се молчи до излегувањето на филмот“. Нормално е да се реагира, само што, пак ќе повторам - и во „Вчерашнија обед“ има материјали за доста провокативен трејлер под услов истиот да е работен во македонска продукција и поддржуван од владата на РМ.
Кога велам „молчи“ велам дека работата испадна како, еве да си дозволам да карикирам малку, кога некој ќе прдне и ќе сака да го скрие тоа, па на секој што ќе се насмее или ќе си го затне носот или ќе направи непристојна шега или било каква реакција ќе почне да му се заканува или да се жали дека не е фер бидејќи сме пријатели или слично...Лоша реакција е тоа. Како се вади човек од таква ситуација? - или ќе направи шега на своја сметка или ќе каже дека и тоа е дел од разните реакции на човечкиот организам или сл.
Вака што се направи, се вжешти атмосферата во Бугарија (а да не забораваме дека било каков скандал во врска со Македонија на некои кругови во Бугарија им оди во прилог - тоа си е моето мислење) до тој степен да бугарските новинари не знаат како да постапат. Ако појдат на премиерата ризикуваат да „упаднат во стапица на непријателска територија“ што се вели, затоа и акредитираните во една прилика тука ги нареков „курбан новинари“, или пак да не појдат глумејќи дека им е под достоинство да гледаат таков филм, но така пак еве, и од бугарски новинари истото беше прогласено за несериозност. И со право.
Многу помудро и подостоинствено ќе беше да не се реагира толку бурно. Вака се доведе ситуацијата до „или - или“.