Хе!Това ми хареса! 
Контра кумановски бурек
Влегувам во маркет во Гевгелија, се движам меѓу рафтовите, се разминувам со Грци. Одам до фрижидерите со пијалоци. Земам кисела вода и одам на каса. Грци ме гледаат, и стари и млади. ’Ржат, покажуваат свежо пломбирани заби. Подавам киселата вода на продавачката и таа нешто ми вика „Акривос авто?“ Ништо не ја разбрав, а таа пак нервозна „Акривос авто? Авто ине ола?“ Тогаш еден постар Грк зад мене ми вели „Те прашува дали тоа е се“. Велам да, а тој и одговара „НЕ“. Изненаден, одма го прашав смирено „На кој бе ти НЕ?“ Ме погледна остро и тивко само ми кажа „Плати 20 денара и бриши да не ви го купиме цел маркет сосе останатите еклери од среда“.
Александар Дојранлиев, Фејсбук, 24.03.18.
|