Тие се исти бугари!
Многу крадлив народ Македонија, ужас!
Од денешните настани, би го издвоил тоа што ми го украдоа светлото од точакот. Беше во форма на батериска лампа, мало, долгнавесто, црно, од пазар, некој го отшрафил и си го зел. Раката да му се исуши! Многу крадлив народ, Македонија, ужас. Еднаш бев и полут од сега, и тоа не кога ми ја украдоа колата од пред зграда (лада нива, 2014), ни кога ми го украдоа претходниот точак (2009), ни кога ми украдоа две гитари од клубчето во подрум (1982), туку кога ми украдоа саксии од дворот во Побожје (2011). Саксиите ги собрале, а цвеќињата сосе земја беа истурени на циментот. Убави цвеќиња. Ги отепале. Ги украл само саксиите, ѓубре. Или... ги украла, ѓубре, оти може била и жена. Или маж и жена. Може едниот крадел додека другиот чувал стража. Многу крадлив народ Македонија, ужас!
Тихомир Јанчовски, Фејсбук, 25.05.18.
|