Re: Новини за Македония поредна
#3458289 - 29.03.2019 12:06
Отговори
Цитирай
Споредувајќи ги овие дипломатски преписки со денешните изјави на бугарските високи политичари, неизбежно се доаѓа до констатација дека бугарскиот санстефански сон уште царува во Бугарија.
Единстената разлика помеѓу денешна Бугарија и онаа од Втората светска војна се состои во тоа што сега Бугарите не можат да ги обвинуваат Србите и Италијанците за нивната агресија кон Македонците, па отидоа до тој апсурд што тие сега пропагираат дека на Македонците ќе им биде подобро да се Бугари, отколку Македонци.
Ова, само докажува дека последниве бугарски брутални напади врз македонскиот национален идентит се само одраз на една шовинистичка идеологија, која длабоко е закоренета во бугарската држава и нејзините институции.
И не е ништо чудно што и до ден денеска бугарските водечки политичари и академици не само што останале робови на слепиот балкански националим, туку тие, рамо до рамо со истомислениците од Грција, се воздигнале на водечката позиција во балканската лига на етношовинизмот.