http://www.libertas.mk/%D0%BF%D0%B0%D0%B...BB%D0%B8%D0%B7/
Пандели Мајко: Македонија е федерализирана, ама никој не признава!
Во интервjуто за порталот „Алмакос” бившиот премиер на Албанија и еден од најугледните албaнски политичари, се осврнува и на политичката состојба во Mакедонија, велејќи дека во земјава тој гледа федерализираност на дело, што според него не е добор.
- Во овој миг, колку што можам да заклучам од далечина (можеби грешам), политиката во Македонија има „федерална“ форма. Оваа нејзина форма се одвива далеку од очите на јавноста. Таа постои како „џентлеменска неформалност”, која овозможува поделба на зоните на влијание врз етничка основа и практика, а се за да се контролираат проблемите при владеењето. Принципот е едноставен, според него Албанците владеат со Албанците, а Македонците со своите. Ова има донекаде смисла, но е привремено и персонализирано, при што ни најмалку не е здраво за функционирање на државата. Македонија нема потреба од политичари „чувари“, туку од реформатори на една држава која се наоѓа на крстосницата на историската можност да биде нов модел на балканскиот конфликти… Или да се претвори во регионална Швајцарија, во чија Женева ќе слетаат авионите на политичарите од регионот кои се жедни за кислород и договори – вели поранешниот премиер на Албанија.
Во врска со последните судири меѓу коалиционите партнери, Мајко смета дека Груевски треба да ја искористи историската можност што му се укажува и заедно со Али Ахмети да ја променат Македонија и нејзината историја.
- Да ја градиш иднината на Балканот и да собираш гласови за да владееш со народот, често се сосема две различни нешта. Несомнено е дека историјата ќе ги памети само тие што умеат да ризикуваат – вели Пандели Мајко во интервјуто за порталот „Aлмакос”.
-------------------- Ако рече Гарибалди дека - "Создадовме Италија и сега треба да создадеме и Италијанци", ние од дозволата на Европа за самостојна Македонија, создаваме бугаромразци како божемни Македонци. - M. Србиновски
|