BMPO
Нерегистриран
|
Крсте Петков Мисирков
#302746 - 13.05.2004 20:05
|
|
|
Татарољубците фалсификуваат, тоа е јасно како бел ден. Не знам дали им е тоа во природата, во гените, или едноставно одродените "славјани" или Mакедонци како сакате, не можат да се помират со фактот дека се нарекуваат според наметнато, од некое татарско племе, име па се обидуваат со разноразни фалсификати да го наметнат овој назив и на останатите околу себе.
Погледнете го само последниот обид со некаков "граничен" камен, и се е јасно. Или да размислиме колку лесно поминувале ваквите фалсификати пред 1 или 1,5 век, а се со цел да се освои што поголема територија и да се наметне туѓото, неприродно име на Македонскиот народ.
За Крсте Петков Мисирков не сакам да полемизирам со „татарољубските„ фалсификатори, само ќе нафрлам неколку цитати и мои коментари, а заклучоците се наметнуваат сами по себе.
Крсте Петков Мисирков по своето доаѓање во Битола, при крајот на 1902 година, ќе започне со пишување на дневник. Дневникот е пишуван на Руски јазик и претставува еден добро зачуван нотес во темно-сина тврда плишана подврзија со размер 16х10 см. На корицата на дневникот со машински печат стои: „К. Мисирковъ. Дневникъ. Битоля„ Дневникот е најден кај приватно лице во Софија, и денеска се чува Архивите во Софија. Направено е едно издание на дневникот во превод на бугарски „Дневникът на Кръсте Петков Мисирков, Известия на държавните архиви„. Проблемот е што повторно се појавил фалсификат. Во ова издание не се објавени првите страници од оригиналниот дневник пишуван и пагиниран во ракопис, на 80 странички, лично од Мисирков. А што, меѓу другото, пишува на првите страни, а што толку ги исплашило квази историчарите во Софија, па не се осмелиле да го објават?
"... И така, ќе почнам со прашањето: кој сум јас? Јас сум син на селанец од село Постол, што се наоѓа врз урнатините на древната пела, Ениџевардарска каза, Солунски вилает, Македонија Основното образование го добив во грчко училишта во родното село...
...Јас добив образование со туѓи средства, србски, бугарски, но како Македонец сум и должен на својата татковина, а тоа значи дека сум многу задолжен и сум должен во секој момент да се жртвувам за неа..."
Мисирков секогаш потенцирал дека е роден на местото на древната Пела, престолнината на "Великиот Александар Македонски". Тоа е традиција која ја носи од генерациите на своите претходници. Тој дури раскажува дека токму во нивната нива била "Александровата палата".
|
|